Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

И охридските гимназијалци се закитија со награди на натпреварот на 47. Школа „Млади физичари“

Бројни награди за охридските гимназијалци на националниот физички натпревар. Честитки до сите ученици и нивните ментори за постигнатите успеси и достоинственото претставување на нашиот град!
 |  инфодеск  | 

И охридските гимназијалци, се закитија со бројни награди на натпреварoт во експерименти, демонстрации, модели и симулации во склоп на 47. Школа „Млади физичари“ кој во четвртокот се одржа во Скопје.

Како што информираат од охридската Гимназија, нивните ученици ги освоија следните награди:

Категорија ученици од IV година
Прва награда

Дарио Павлески под менторство на проф. Јасмина Јанева
Експеримент ,,Од магнет до сигнал: изработка на сеизмометар“

Категорија ученици од III година
III награда

Дарија Талевска и Ивана Гашоска под менторство на проф. Марија Сиљаноска
Експеримент ,,Рубинова цевка“
III награда
Калина Јамандиева и Иво Георгиески под менторство на проф. Марија Сиљаноска
Експеримент ,,Хидрауличен мост“

На овој натпревар со експериментот ,,Хидраулична роботска рака“ успешно се претставија и ученичките од I година: Софија Ристoска и Евгенија Палоска под менторство на проф. Марија Сиљаноска.

Претходно, и од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски” објавија дека нивниот ученик Наум Смилевски го освои првото место со модел за безжичен пренос на енергија.

Честитки до сите ученици и нивните ментори за постигнатите успеси и достоинственото претставување на нашиот град!