Владата ќе доделува ваучери од 15.300 денари за студентите за набавка на електронски уреди
Државата денес го активираше новиот повик преку кој 55000 студенти ќе можат да добијат вредносни ваучери за купување електронски уреди. Пријавувањето се одвива исклучиво онлајн, преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, каде што услугата е веќе достапна.
Право на аплицирање имаат сите студенти на прв циклус студии кои се државјани на Република Македонија, запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата и кои не се постари од 29 години на денот на објавување на повикот.
Рокот за поднесување на барања е 20 декември 2025 година, а уредите купени со ваучер мора да се подигнат најдоцна до крајот на годината – до 31 декември 2025.
Чекори за аплицирање за студенти кои се во евиденција на МОН (линк до услугата: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5980)
- Студентот се најавува на uslugi.gov.mk и ја поднесува апликацијата за услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“.
- Во процесот на аплицирање не е потребно прикачување документи. По успешно поднесување, системот генерира документ – Вредносен ваучер.
- Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишување на Изјава за искористен ваучер (во продажниот салон на економскиот оператор), студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор, најдоцна до 31.12.2025 година.
- Чекори за аплицирање за студенти кои НЕ се во евиденција на МОН
- Доколку при аплицирањето системот утврди дека студентот не е во евиденција на МОН, тој автоматски добива известување и линк кон посебната услуга:
„Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за набавка на електронски уред за студенти кои не се во евиденција на МОН“, каде треба да продолжи со апликацијата до 20.12.2025 година. - Во овој случај, студентот е должен да прикачи потврда за редовен/вонреден студент, издадена од високобразовната установа во која е запишан.
- По успешно комплетирање на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер.
- Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор најдоцна до 31.12.2025 година.
- Економски оператори за реализација на ваучерите: