Skip to main content

Македонски успех на „Златен гонг“: Охриѓанецот Наум Стојаноски со сребро, битолчанецот Рустемовски со злато

По среброто во Скопје, Стојаноски тргнува кон нов предизвик во Лозница, Србија.
 |  инфодеск  | 

Изминатиот викенд во Скопје по 54 пат беше одржана традиционалната боксерска манифестација „Златен гонг“. На овој престижен меѓународен боксерски турнир учество зедоа натпреварувачите од неколку боксерски земји: Англија, Молдавија, Австрија, Бугарија, Турција, Хрватска и други.

Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски” учество зеде преку својот претставник во 70 килограми Наум Стојаноски како дел од Македонската репрезентација, и го освои сребрениот медал и пехарот за најборбен боксер. Освојувач на овогодинешниот Златен гонг беше македонскиот боксер Ален Рустемовски од Битола, додека признанието за најдобар домашен боксер го доби неговиот брат Адријан Рустемовски.

Следниот предизвик за Стојаноски е меморијалниот турнир „Великани лозничког бокса“ кој ќе се одржи следниот викенд во Лозница, Србија.