Согласно членовите 5 и 17 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ И ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ СО МЕМОРИЈАЛНИ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА.
Предлозите, задолжително, треба да содржат податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење; порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето; и основни елементи за евентуалниот текст што би бил истакнат на споменикот или спомен – обележјето.
Предлозите, најдоцна до 02.12.2025 година, треба да се доставуваат во писмена форма на следната адреса: Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, со назнака: За Јавниот повик за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.
Повеќе информации на линкот.