Неповолните временски услови проследени со силен јужен ветер, кои вчера го зафатија Охрид и околината, предизвикаа сериозни проблеми во градот. На повеќе локации беа забележани скршени дрвја и големи гранки, што го отежнаа сообраќајот и го нарушија нормалното движење на пешаците.

Екипите на „Паркови и зеленило“ реагираа веднаш и излегоа на терен за да ја санираат ситуацијата. Интервенции се извршуваат на неколку критични места, меѓу кои „Мостот на желбите“, ул. „Гоце Делчев“, ул. „15-ти Корпус“ и други делови на градот каде паднатите дрвја претставуваа потенцијална опасност.

