Skip to main content

Ј.П.„ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ”-ОХРИД

Утре акција на ЈП „Охридски Комуналец“ за подигнување пластика и хартија

Утре се собира пластика и хартија на улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“. Чисто е убаво – Селектирај!
 |  инфодеск  | 

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните дека утре, петок, 21 ноември 2025 година, ќе се врши редовно подигнување на селектиран отпад согласно Календарот за 2025 година, а собирањето ќе опфати отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови).

Акцијата се однесува на корисниците на услугите што живеат на следните улици: „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март.

-Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад зошто од секој поединец зависи нашата одржлива иднина, се вели во соопштнието од претпријатието.