Обилнитe дождови предизвикаа покачени водостоји, излевања и поплави во повеќе региони – ЦУК апелира за претпазливост
Од Центарот за информирање со кризи информираат дека поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.
Во Охридскиот регион забележани се значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река. Забележан е висок водостој на реката Сатеска и препорачуваат зголемено внимание.
-Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата. Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112 во ЦУК, велат од Центарот.
Инаку, од АМСМ информираат дека на патниот правец Охрид-Св. Наум после хотел Метропол на самиот коловоз имало голем камен кој претставува опасност по учесниците во сообрајќајот, во моментов проодна е една коловозна лента од правец од Охрид према Св. Наум, додека на делот од стовариште „Митко“, каде десната коловозна лента во правец на Охрид беше поплавена, од 7.30 часот утринава е прооден.