Денес во просториите на Црвен крст Охрид беа доделени благодарници и пригодни подароци на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема „Букет на хуманоста“.
Конкурсот беше објавен на иницијатива на Програмата за грижа за стари лица „Најди Време“, во рамки на одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица, а со цел развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница.
На конкурсот можеа да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација, со поезија, проза и ликовна уметност.
Од вкупно пристигнати 122 литературни и уметнички творби, наградени се следните учесници:
Поезија од I до V одд.
-Прва награда – Јана Наумоска – III одд. ООУ „Григор Прличев” Охрид
-Втора награда – Тамара Цветковиќ – III одд . ООУ „Григор Прличев” Охрид
-Трета награда – Ана Костоска –III одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
Поезија од VI до IX одд.
-Прва награда – Стефанија Бакулеска IX одд. OOУ „Св. Наум Охридски “ Пештани
-Втора награда – Јана Каневче VIII одд. ООУ „Григор Прличев “Охрид
Поезија – средни училишта
-Прва награда –Мила Днечиќ – СОУ „Перо Наков“- Куманово
-Втора награда – Викторија Илоска – ОСУ„ Св. Климент Охридски“- Охрид
Проза од VI до IX одд
-Прва награда – Константин Златаноски IX одд. ООУ „Кочо Рацин” Охрид
Проза – средни училишта
-Прва награда – Бојана Башоска – СОУ„Наум Охридски“ Охрид
Ликовни творби од I до V одд
-Прва награда – Дамјан Спироски – III одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Втора награда – Ана Доковска – II одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Трета награда – Михаела Лотеска – БОБ Охрид
– Трета награда – Ана Лазароска – ООУ „Григор Прличев” Охрид
Ликовни творби од VI до IX одд
-Прва награда – Марија Тасеска – VIII одд. ООУ „Кочо Рацин“ Охрид
Ликовни творби – средни училишта
-Прва награда – Елена Павловска – ОСУ„ Св. Климент Охридски“- Охрид
-Втора награда – Викторија Илоска – ОСУ„ Св. Климент Охридски“- Охрид
-Трета награда – Блаже Крчев – РЦСОО„Ванчо Питошески„ – Охрид
-Црвен крст Охрид изразува огромна благодарност до сите учесници на овогодинешниот конкурс, благодарност за прекрасната соработка со основните и средните училишта од Oпштина Охрид и Општина Дебрца, менторите и родителите. Ве очекуваме со нови креативни творби и следната година, порачуваат од Црвен крст Охрид.