Skip to main content

Словенија усвои нов закон со кој ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

Според новите правила, возачите ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење.
 |  инфодеск  |  ,

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија. Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Според потврдените информации, Словенија ќе овозможи директна замена на важечките возачки дозволи од наведените држави без дополнително полагање возачки испит. Ова беше долгогодишно барање на странските работници, работодавачите и синдикатите, особено во секторите каде што возачката дозвола е клучен услов за вработување.

Текстот на законот ќе биде објавен во Службениот весник на Република Словенија, каде детално ќе бидат прецизирани процедурите за замена, потребната документација, роковите и евентуалните преодни одредби. Со објавата во Службениот весник, законот стапува во сила, со што ќе се овозможи негова примена во сите управни единици, пишува GP Maljevac.

Според новите правила, возачите ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија. Тие нема да мора да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење (здравствено уверение).