Skip to main content

Црвен крст Охрид

Итен апел за помош: Семејство од Подмоље остана без својот дом по разорен пожар

Апел за помош за семејство од Подмоље
 |  инфодеск  | 

Црвен крст Охрид упатува итен апел за помош за семејство од село Подмоље, чија семејна куќа целосно изгоре во пожар. Пожарот целосно го уништи нивниот дом, оставајќи двајца пензионери без покрив над глава и без основните услови за живот.

На семејството итно му се потребни финансиски средства, како и градежен материјал за реновирање и обнова на целосно опожарениот дом.

-Ги повикуваме сите хумани граѓани, компании и организации кои се во можност да помогнат, да го сторат тоа. Секоја поддршка – мала или голема – претставува надеж и чекор поблиску до повторно создавање на нивниот дом, велат од Црвен крст Охрид.

Сите хумани граѓани и компании кои сакаат да помогнат, можат да донираат на следната трансакциска сметка:

Трансакциска сметка: 210501603892333

Танас Мојсоски – НЛБ Банка

Контакт телефон: 070 799 868 (Христина Мојсоска)