Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид: 30 дена притвор за малолетникот кој силуваше 12-годишно девојче

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16-годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14-годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

– На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода. Тој на 12 ноември 2025 година, извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник снимал. Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20 ноември 2025 година, ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство, информираат од СВР Охрид.