На 30.11.2025 во 10:45 часот на ул.,,Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од Охрид. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид, физички го нападнал нападнал 34-годишно лице од Охрид, при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.11.2025 во 23:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во 23:00 часот во спортска обложувалница во Струга, едно лице со закани кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
На 30.11.2025 во 01:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ лишија од слобода 47-годишно лице од Струга. При извршен преглед во патничко возило „фолксваген туарег“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се прашкаста и грутчеста материја. Во врска со настанот, во полициска станица на разговор се повикани се две лица од Струга, како и едно лице од Тетово, кои биле сопатници во возилото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.