СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
– На 20 август 2025 година во Охрид, полициски службеници го затекнале внукот на пријавениот, кој по дозвола и насоки дадени од пријавениот, со импровизирано превозно средство „воз“ вршел јавен превоз без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз и без документација за возилото, информираат од МВР.