Skip to main content

СВР Охрид

Успешно изведена показна вежба за воздушна безбедност на охридскиот аеродром

Симулирана вежба за запален авионски мотор на полетување на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
 |  инфодеск  | 
Аеродром Охрид


Вчера, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.  Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.

-Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл, велат од СВР Охрид.

Во нивното соопштение додаваат дека во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки.