Утре во Воведенскиот храм во Рача ќе се служи света Божествена Литургија
Утре ќе се одржи Света Божествена Литургија во храмот Воведение на Пресвета Богородица во Рача.

По повод празникот Воведение на Пресвета Богородица во Храмот, во истоимениот храм, кој е единствен со такво име во охридскиот регион во населбата Рача, ќе се служи света Божествена Литургија, во четврток, на 4 декември 2025 година, со почеток во 08:00 часот.
– Овој празник ја слави посветеноста и принесувањето на малата Богородица во Ерусалимскиот храм, и нејзиното подготвување за големата тајна на спасението. Воведението е празник на чистотата, светлината и радоста, празник кој нè повикува на духовно собирање и заедничка молитва, велат од Воведенскиот храм во населбата Рача.
Воедно, ги покануваат сите празникољупци да се соединиме во заедничка литургиска радост и молитва.







