Skip to main content

општина охрид

Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на Свети Климент Охридски – Патрон на градот

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 5.12.2025 година и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство. Наградите на наградените ученици ќе им бидат врачени на ден 8.12.2025 година (понеделник) пред монументалниот споменик на Свети Климент Охридски во 12:00 часот.
 |  инфодеск  | 

По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири –комисијата во состав: проф. Грета Пипиле –претседател;  проф. Роза Китрозоска –член; Роза Костеска писател за деца и млади  – член.

Жири – комисијата одлучи Први награди да им бидат доделени на следните творби:

  • Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)

поетска творба: „Свети Климент Охридски“

шифра: „Родина“

  • Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)

поетска творба: „Светиклиментовиот град“

шифра: тенис

  • Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)

поетска творба: „Чудниот старец“

шифра: климентико

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 5.12.2025 година и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.

Исто така на електронската пошта на Одделението за култура kultura@ohrid.gov.mk своите творби да ги испратат во електронска верзија.

Наградите на наградените ученици ќе им бидат врачени на ден 8.12.2025 година (понеделник) пред монументалниот споменик на Свети Климент Охридски во 12:00 часот.