Skip to main content

Спортска магија на терен – големиот 3×3 баскет турнир ќе се одржи во недела

Почнува највозбудливиот 3×3 баскет турнир во Охрид
 |  инфодеск  | 

Во недела, 7 декември, во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи големиот 3×3 баскет турнир. Почетокот на турнирот е закажан за 15 часот.

Инаку, први на теренот ќе излезат најмладите кошаркари во ревијален дел, поделени во три категории: М12, М14 и М16. Како што најавуваат организаторите, нивниот ентузијазам и борбеност ќе ја отворат кошаркарската атмосфера на најдобар можен начин.

После ревијалниот дел, започнува вистинската баскет акција кога ќе се натпреваруваат 12 екипи поделени во две групи. Полуфиналните и натпреварите за трето и прво место се закажани за од 20:00 часот.

-Очекуваме многу забава, многу изненадувања, дружење, украдени топки, забивања, невозможни пасови и вистинско шоу!, велат организаторите.

Турнирот е во организација на ЈП Билјанини Извори и КК Колибри, а со поддршка на Општина Охрид.