Skip to main content

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Нова енергија за третата доба – во Битола стартува Центар за активно стареење.
 |  инфодеск  | 

Во Битола од вчера е во функција дневен Центар за стари лица со активно стареење, проект кој е поддржан со грант од Светска Банка, а со кој ќе управува Општинската организација на Црвен крст во овој град.

Социјалната услуга која е наменета за лицата од третата доба-старите лица, всушност преставува превенција на потребата од вонсемејна заштита, односно целосна поддршка и исполнување на потребите на старите лица кои имаат потреба од оваа услуга со цел да се подобри и одржува квалитетот на живот и ќе се направи превенција од вонсемејна заштита.

На отворањето присуствуваа Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, претседателката на Црвениот крст Битола Лилјана Ристевска, секретарот Кристијан Крстевска, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

-На почеток дозволете да го искажам моето задоволство што вечерва сум со вас, на отворањето на Дневниот центар за активно стареење на стари лица, реновираните простории на најхуманитарната организација, која има своја историја и секогаш била во првите редови кога од вас граѓаните ја имале потребата. Црвениот крст на Република Македонија е единствена организација на територијата на државата, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините, вклучително и како што ние си го викаме Битолскиот Црвен крст. Со посебен пиетет зборувам кога станува збор за организација која е доброволна, масовна, самостојна, непартиска и независна и слободно можам да кажам дека ова е збир на човечност, човечност во вистинската смислам на зборот, истакна градоначалникот Коњановски.

Инаку, Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареење се реализира со заедничка соработка на Општина Битола, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општинска организација на Црвен крст Битола.