Skip to main content

општина охрид

Соопштение до даночните обврзници со заостанати обврски за данок на имот

Повик за навремено подмирување на долгови за данок на имот заклучно со 2025 година
 |  инфодеск  | 
Стар град

Општина Охрид, врз основа на Законот за даноците на имот и донесените општински одлуки, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината кај кои е утврдено постоење на неподмирени обврски за данок на имот заклучно со 2025 година, дека се должни во најкус можен рок да ги подмират своите долгови. (линк)

Непостапувањето ќе резултира со:

  • пресметка на законска камата за ненавремено платен данок,
  • поведување постапка за присилна наплата согласно закон.