тппе охрид
Ново засилување за охридските пожарникари: дониран камион со опрема од Австрија
Австриска донација за ТППЕ Охрид: пристигна противпожарен камион со дополнителна опрема

Охридската противпожарна територијална единица информира дека продолжуваат да ги зајакнуваат своите капацитети.

Претставници на ТППЕ Охрид превзедоа противпожарен камион со дополнителна опрема, донација од Австрија.

– Упатуваме голема благодарност до нашите соработници и помагатели од покраината Тирол за оваа вредна донација. Продолжуваме со посветена работа и реализација на планираните проекти, порачаа од ТППЕ Охрид.







