Skip to main content

Црвен крст Охрид

Денес крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство

„Подади рака за живот! Дарувај крв! – Крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство
 |  инфодеск  | 

Во рамки на своите хуманитарни активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид и регионот, од Црвен крст Охрид ги повикуваат граѓаните да го искористат овој „Радосен декември“, месецот на дарување.

– Искажете ја својата хуманост на крводарителската акција која под мотото „Подади рака за живот! Дарувај крв!“ ќе се реализира денеска, среда, 10 декември 2025 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ), Охрид, велат од Црвен крст Охрид.

Од Црвен крст Охрид испраќаат покана до студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција.