Повторно запленети нелегални рибарски мрежи со 214 парчиња Охридска Белвица
Запленети мрежи и 214 угинати белвици во време на строга забрана во Охридско Езеро

Концесионерот на Охридското Езеро, Питон, информира дека повторно се пронајдени мрежи кои се најстрого забранети, поставени од рибокрадци во време на строга забрана во водите на Охридско Езеро и дека запленета е угината риба, и тоа дури 214 парчиња Охридска Белвица.
-За успех во заштитата има само едно правило “НЕМА ЗАСТАНУВАЊЕ И ПАУЗА”, велат од концесионерското друштво „Питон“.
Инаку, периодот на забрана за лов на охридска белвица и охридска пастрмка трае од 1 декември до 28 февруари.







