Потпишана Охридската декларација „Одржливи културни модели за иднината“
На конференција на „Советот на министри за култура од Југоисточна Европа“, денес во Охрид усвоена Охридска декларација „Одржливи културни модели за иднината“. Целта е јакнење на културата во функција на одржливиот развој. Засилено се работи на зачувување на културното наследство и исполнување на препораките на УНЕСКО, вели министерот за култура. .

До крајот на годинава предвидени се уште неколку состаноци и усвојување на одлуки, а до 1 февруари ќе биде презентиран Извештајот.

–Верувајте, овој проблем не е од денес – се провлекува години наназад, и ние го правиме максимумот. Не е само дипломатската офанзива за одложување на нешто уште една година; во овој момент не работиме на одложување, туку работиме на решавање на проблемите“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Директорката на Регионалното биро на УНЕСКО во Европа, со седиште во Венеција, изјави дека е задоволна од она што го видела деновиве на терен.
-Вчера имав прилика да направам една долга прошетка, по убавите улици имав прилика да го видам зајдисонцето и навистина морам да ја препознаам целата работа што се вложува тука во поглед на рекострукција обновување на археолошки локалитети верски наследства, рече директорката Магдалена Ландри.

На министерската средба беше презентирана и иницијативата за воспоставување Регионален фонд за културна соработка, кој би обезбедил стабилност и професионализација на заедничките активности во регионот.
Новинар Соња Рилковска