општина охрид
ЈП „Охридски Комуналец“ доби нови машини за чистење
Општина Охрид со инвестиција во модерна опрема за одржување на јавната чистота на градот.

Градоначалникот Кирил Пецаков, попладнево беше на увид на новата опрема за чистење што ја набави Општина Охрид и ја предаде на користење на ЈП „Охридски Комуналец“.
Станува збор за електрична комунална машина – метачка со којашто ќе се чистат јавните површини во старото градско јадро и централното подрачје на Охрид и дизел машина – метачка за чистење на останатите делови од градов.








