Skip to main content

М.Т.Т.Ф

Одлични резултати за таеквондистите од „Хваранг Фист“ на последниот годинашен турнир од Македонската Таеквондо лига

Успешен настап на „Хваранг Фист“ на завршниот турнир од Македонската таеквондо лига
 |  инфодеск  | 

Во организација на Македонската Таеквондо Федерација и ТК „Илинден“, викендов во Скопје се одржа последниот турнир од Македонската Таеквондо лига.

Охридскиот клуб „Хваранг Фист“ учествуваше со 12 натпреварувачи: Ненад Целески, Петар Петкоски, Ристе Ѓелески и Максим Ристески, кои и овој пат очекувано стигнаа до злато и беа најдобри во своите категории, Емилија Целеска, која само за поен ја загуби борбата за злато, Ѓорѓи Петкоски, Доротеа Најдеска, Ева Милошоска, Јана Спироска, Јована Јовческа, Љубица Митреска, Миа Тасевска и Теона Целеска по поразите во 1/4 финалето, го освоија бронзениот медал. Ненад Целески повторно прогласен за најдобар јуниор на турнирот, информираат од клубот.

Покрај натпреварувачите, „Хваранг Фист“ има активно учество и во работењето на МТФ и во Македонската лига, со учество и на нивните судии Стефан Јосифоски, Василија Јовчески, Елена Симоноска, Татјана Маркоска, Ангела Јовческа и Александра Матеска, на секој натпревар од лигата, како и надвор во регионот. Василија Јовчески беше прогласен за најдобар машки судија.

Од клубот испраќаат благодарност до сите нивни поддржувачи и до сите родители кои несебично помагаа оваа сезона.

– За крај на оваа сезона ни останува уште тренинг/релакс кампот во хотел „Монтана“ во Крушево од 20 до 23 декември 2025 година, заедно со членовите од ТК „Сила“ од Скопје, потенцираат од „Хваранг Фист“.