Skip to main content

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

Утре премиера на тетарската претстава „Генијална идеја“

„Генијална идеја“ – втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Р. Македонија.
 |  инфодеск  | 

Утре ќе се одржи премиера на тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид. Претставата е по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. Ова е втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Р. Македонија.

Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на Филип Витанов, костимиограф Мимоза Тодоровска.

Цена на карта 300 денари, почеток 20.00 часот.

Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставатата резервации за претставата не се примаат и се продаваат исклучиво на билетарата!