Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

ЈП ,,Охридски Комуналец”: Охрид започнува селекција на текстилен отпад

Охрид воведува селекција на текстилен отпад со нов договор со „Тексомак“
 |  инфодеск  | 
Cardboard boxes labeled keep, donate, and trash for effective home organization.

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид информираше дека нашата општина официјално потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што продолжуваат напорите за воспоставување на одржлив систем за управување со отпадот.

Како што се наведува во нивното соопштение, наместо да завршува во мешаниот отпад, стариот и непотребен текстил отсега ќе може да се селектира во специјални контејнери поставени на повеќе локации:

-еден контејнер во рамки на Охрид Мол;

-контејнери во основните и средните училишта вклучени во програмата „Училишта без пластика“;

-преку еко акции за собирање текстилен отпад, кои ќе бидат достапни и за поширокото население.

-Зошто е важно да се селектира текстилниот отпад? Текстилот е еден од најбрзо растечките видови отпад. Со селекција се намалува количеството отпад на депониите. Дел од текстилот може повторно да се искористи или рециклира. Се намалува загадувањето на почвата, водите и воздухот. Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!, велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид.