Skip to main content

СВР Охрид

МВР: Лишен од слобода измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга лишија од слобода 40 – годишно лице од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.

-По преземени мерки и активности во соработка со Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал, тој е пронајден и лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”, информираат од СВР Охрид.