Skip to main content

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Темна кутија“ под шифра „Јас, малиот Тој“

Поемата „Темна кутија“ добитник на наградата „Григор Прличев“ за 2025 година
 |  инфодеск  | 
Центар за култура

Од Центарот за култура „Григор Прличев“ информираат дека добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година е авторот или авторката на поемата „Темна кутија“, пријавена под шифра „Јас, малиот Тој“. Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Зоран Анчевски и Андреј Ал Асади како членови.

Од вкупно 9 пристигнати ракописи, 7 ги исполнуваа конкурсните критериуми. Поемата „Темна кутија“ претставува длабока духовна и егзистенцијална исповед на лирскиот субјект, кој преку долгата драматична исповед го претставува сопствениот судир со судбината, смртта, поезијата и смислата на човечкото постоење. Оваа поема е најконзистентна и отскокнува со поетски елементи, ја следи логиката на наративот од почеток до крај и вешто создава слики во главата на читателот, стои во образложението на комисијата.

Авторот на наградената поема „Темна кутија“ треба да го докаже авторството со доставување на оригиналниот примерок.