Skip to main content

општина охрид

Над 3.500 новогодишни пакетчиња поделени на Градскиот плоштад во Охрид

Над 3500 новогодишни пакетчиња беа поделени денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во рамки на големата хуманитарна манифестација организирана од Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан Медиа“, со поддршка на Општина Охрид, Дебарско-Кичевската епархија и општествено одговорни компании.
 |  инфодеск  | 

Над 3500 новогодишни пакетчиња беа поделени денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во рамки на големата хуманитарна манифестација организирана од Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан Медиа“, со поддршка на Општина Охрид, Дебарско-Кичевската епархија и општествено одговорни компании.

Пакетчиња им беа поделени на дечињата од охридската градинка, на првачињата од сите основни училишта од Охрид и на дечињата со посебни потреби.

На настанот свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

-Ми претставува особено задоволство што сум дел од овој настан кој има една убава и благородна цел, да донесе радост и насмевки кај најмладите, но и да покаже внимание и грижа кон лицата со посебни потреби.

Ваквите моменти не потсетуваат колку е важно да бидеме заедно, сплотени и хумани, особено во празничниот период.

Општина Охрид останува силно посветена на активности и настани кои имаат вредност за нашата заедница и кои носат надеж, топлина и поддршка, онаму каде што е најпотребна.

Во духот на големиот христијански празник „Свети Никола“, симбол на добрината и верата, заедно со Македонската православна црква-Дебарско кичевска епархија, Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан Медиа“ и низа општествено одговорни компании од регионот, испраќаме порака на љубов и солидарност.

На сите вас, од срце, Ви ги честитам претстојните новогодишни и божиќни празници! Нека Новата 2026 година Ви донесе здравје, мир и благосостојба. Се радувам што сте дел од овој настан и што заедно придонесуваме кон посветла и подобра иднина на нашиот град, истакна Пецаков во своето обраќање.

Настанот беше збогатен со културно-музичка програма наменета за најмладите.

Покрај новогодишните пакетчиња, хуманитарната акција опфаќа и дистрибуција на 100 социјални пакети наменети за ранливи категории граѓани и посета на Болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо Охрид“. Новина оваа година е посетата на Општина Дебарца, каде во основното училиште во Белчишта ќе бидат посетени најмладите ученици и ќе им бидат доделени пакети со подароци.

Во рамки на манифестацијата, денеска во малата сала на Општина Охрид во име на организаторот, Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан Медиа“ беа доделни признанија на сите поединци и компании кои дале свој придонес во хуманите активности во Охрид.

На градоначалникот Кирил Пецаков му беше врачаено Признание за трајни вредности и посебен придонес на Општина Охрид во областа на хуманизмот. Признанија за трајни вредности им беа доделени на Архимандритот Нектариј игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, Горан Јошеки и Илкер Мустафа. Покрај признијата за трајни вредности беа доделени и 5 повелби за трајни вредности и 28 повелби за хуманизам на општествено одговорни компании и поединци.