Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди, максималните температури до 10 степени Целзиусови

Минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро , облачно време

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Од УХМР информираат дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 10 степени Целзиусови.