Skip to main content

Младински Центар Охрид

Едукативно предавање во Младински Центар Охрид: „Да зборуваме за епилепсија“

Инспиративен и едукативен настан за подигање на свеста за епилепсијата во Младински Центар Охрид
 |  инфодеск  | 

Минатата сабота, во просториите на Младински Центар Охрид, се одржа инспиративен и едукативен настан посветен на подигање на јавната свест за епилепсијата – состојба која и денес често е опкружена со предрасуди и недоволно разбирање.

Предавањето го одржа проф. д-р Филип Дума, а настанот беше модериран од Александра Сабрас Апостолова кои заедно поттикнаа динамична и отворена дискусија меѓу учесниците.

-Благодарност до сите млади кои беа дел од настанот и покажаа дека знаењето и разбирањето прават разлика, велат од Младински Центар Охрид.