Skip to main content

Четворица убиени крај македонско-косовската граница

Полицијата пресретнала група која се обидувала да внесе оружје и експлозиви во Македонија.

 |  Маја Савиќ  | 
shverc oruzje
шверц на оружје
policijaПолицијата пресретнала група која се обидувала да внесе оружје и експлозиви во Македонија.

Ова е еден од најтешките инциденти, по вооружените судири меѓу македонските безбедносни сили и бунтовниците – етнички Албанци, во Македонија во 2001-та година.

Полицијата вели дека престрелката започнала кога нејзини припадници запреле комбе за кое имало сомневање дека пренесува оружје.

„Поставивме заседа, а луѓето од комбето отворија оган. Полицијата одговори, по што четворицата во комбето беа убиени”- рече Иво Котевски, портпарол на македонската полиција, во изјава за агенцијата Франс прес.

Полициски извори додаваат дека двајца од убиените биле македонски државјани, еден косовски додека за четвртото лице засега нема податоци.

Најавено е дека оружјето ќе биде изложено на прес-конференција, попладнево во Скопје.

Престрелката се случила крај селото Радуша, во близина на македонско-косовската граница.

Македонската полиција пред две седмици крај границата со Косово откри бункер со големо количество оружје, меѓу кое и неколку парчиња со голем калибар.

Минатата недела претставници на НАТО предупредија дека најновите инциденти со шверц на оружје преку границата би можеле да го дестабилизираат регионот.

Во 2001 напнатоста меѓу етничките Албанци прерасна во судир со македонските владини сили.

Судирот траеше неколку месеци и заврши со потпишување на Охридскиот рамковен договор, со кој на етничките Албанци им беа обезбедни поголеми права.

Во регионот на селото Радуша како и долж македонско-косовската граница тогаш се водеа дел од најтешките судири.

Областа е населена претежно од етнички Албанци.
{loadposition content9}