Skip to main content

Поставена фотоволтаична централа во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“- Охрид

Училишниот центар „Св. Наум Охридски“ на овој начин не само што придонесува кон заштеда на енергија, туку и ја промовира зелената енергија и концептот на одржливост кај учениците.
 |  инфодеск  | 

Во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид„ со поддршка на Општина Охрид, е поставен фотоволтаичен систем кој ќе обезбеди значителни заштеди на финансиски средства во иднина.

-Со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, во нашето училиште поставена е 40kW фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори, информираа од средношколскиот центар.

Следува вмрежување и дистрибуција на вишокот на електрична струја во мрежата на електро дистрибуција на Македонија.

Училишниот центар „Св. Наум Охридски“ на овој начин не само што придонесува кон заштеда на енергија, туку и ја промовира зелената енергија и концептот на одржливост кај учениците.