Skip to main content

„Биби и Боби во светот на бајките“ – волшебна анимирана авантура за најмладите во Струга

Празнична магија за најмладите: Биби и Боби во Центарот за култура во Струга
 |  инфодеск  | 

Утре, 25 декември (четврток) со почеток од 12:00 часот, во Големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе биде прикажан анимираниот филм за деца „Биби и Боби во светот на бајките“.

Станува збор за весел анимиран филм кој ги носи најмладите гледачи на незаборавна зимска авантура исполнета со магија, хумор, новогодишни песнички и важни пораки за пријателството, добрината и заедништвото.

 Цена на билетот е 150 денари, а организаторите потенцираат дека салата ќе биде затоплена.

Инаку, приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” е компилација од четиритe омилени и нови сказни: Снежната кралица“, „Биби и вретеното”, „Биби и зрното грашок” и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)” која ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички. магија, хумор и поуки за пријателството и добрината.

Во филмот гласовите ги позајмуваат познатите актери: Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Слаѓана Вујосевиќ, Никола Ристановски; режисери се: Гоце Цветановски, Димитар Аризанов, Јосип Здравковски.

Филмот е од жанрот анимација, изработен во 2D технологија, на македонски јазик, што го прави целосно прилагоден за најмладата публика.