Skip to main content

Струга без празнична атмосфера, АХВ го затвори Новогодишниот базар во Струга

Иако до новогодишните празници остануваат само неколку дена, Струга сè уште не е украсена. Новогодишниот базар, кој требаше да донесе празнична атмосфера, беше затворен ден по отворањето, поради неисполнување санитарни услови.
 |  инфодеск  | 

На неколку денови до  Новата година, Струга  нема празнична атмосфера. Градските  улици, плоштадот и јавните простори во мрак,  нема  новогодишни декорации,  не блескаат сијалички.  

Единствениот  обид за создавање празничен дух, беше Новогодишниот базар, на Чаршискиот мост, кој поради неисполнување санитарни услови, ден по отворањето беше затворен од АХВ.  

Градоначалникот вели  се очекува закупците да ги отстранат забелешките, и  базарот повторно да биде отворен.

Мислам дека тоа ќе се отстрани од наша страна како општина веќе се е легитимно. Целата документација е доставена и мислам дека се ќе биде во ред, вели Менди Ќира градоначалник на општина Струга.

Надлежните велат причини за задоцнетото украсување се изборите и законската процедура за тендерската постапка.

Според процедурата, откако го објавивме тендерот, требаше да поминат 15 дена по жалбата и еве денеска конечно почнуваме со декорирање на градот“ вели Ресул Чолаку  директор на Јавното комунално претпријатие.

За времената новогодишна декорација, оваа година Општина Струга ќе плати 1.900.000 денари.

Новинар: Соња Рилковска