Skip to main content

Институтот Конфуциј во Охрид ќе отвори Центар за бесплатно изучување на Кинески јазик и култура

Институтот „Конфуциј“ при УКИМ денеска во Охрид ги претстави своите програми за бесплатни курсеви по Кинески јазик и култура, како и начините како истите да им станат достапни на сите заинтересирани. Институтот го презентира планот за отворање центар за изучување на кинески јазик и култура во простории на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.
 |  Маја Савиќ  | 

Можностите за бесплатно изучување на Кинески јазик и курсеви по традиционални кинески вештини, денеска беа презентирани во Охрид од страна на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ – Скопје.

Како Институт нашата главна мисија е да овозможиме курсеви за Кинсеки јазик за граѓаните на Македонија. Курсевите се реализираат и во живо и он-лајн и истите се бесплатни. Возрасната рамка е голема, нашите ученици можат да бидат на возраст од 5 до 65 години. Курсевите се добра можност за локалното население кое сака да учи Кинески јазик и да научи нешто повеќе за кинеската култура. Нашиот план е да воспоставиме центар за изучување на Кинескиот јазик тука во Охрид во соработка со УИНТ кои ќе ни обезбедат просторни услови. Охрид е многу убав град, сум го посетил многу пати за време на мојот 8 годишен престој во Македонија и ни претставува посебна чест што сме тука и што ќе започнеме со реализација на програмата и курсевите, изјави Проф. д-р Лијао Веј – директор на Институтот „Конфуциј“.

На презентацијата на бесплатните програми кои ги нуди Интитутот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ присутвуваа основци, средношколци, студенти, претставници на образовните и културните институции од градот и заинтересирани граѓани. Студентите на овие курсеви гледаат уште една можност за лично и академско надоградување.

Отсекогаш сум се интересирал за кинеската култура, од многу филмови и од интернет и мислам дека е ова многу добра можност да се проучи јазикот и не треба да се пропушти. Едвај чекам да започнам со часови. Ме интересира што ќе дознаам денеска од презентацијата. Бидејќи имам интерес за некоја посета во иднина, јазикот е специфичен , поразличен од другите и би било интересно да се научи барем основата и сакам во мојата кариера понатаму имам некоја поврзаност, изјави Бојан Паунковски – студент.

– За нас би било убаво да имаме можност да ја запознаеме кинеската култура и да имаме можност да соработуваме со кинеските институции кои веќе имаат инстереси со нашиот Универзитет така што би било убаво да имаме можност како студенти да студираме во Кина или да имаме студентска размена, изјави Омер Чезаир – студент.

Секоја година Институрот Конфуциј организира натпревар за ученици од основните и средните училишта како и за студенти. Првонаградените добиваат можност да отпатуваат во Кина и таму да се натпреваруваат со ученици од целиот свет. За средношколците и студентите има дополнителна можност да добијат стипендија за изучување на Кинески јазик во траење од еден семестар во Кина. Преку своето работење, Институтот Конфуциј активно придонесува кон унапредување на меѓукултурниот дијалог, културната размена и продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Народна Република Кина.

Покрај курсеви за изучување на Кинески јазик исто така овозможуваме кусеви за кинеската култура и различни традиционални вештини како на пример курсеви по калиграфија, изработки на декорации од хартија, кинески песни и танци, како и курсеви за Таи Чи. Тие курсеви се прекрасна можност за заинтересираните за кинеската култура. Нашиот фокус е на културната размена помеѓу народите на двете земји, потенцира Проф. д-р Лијао Веј.

Институтот Конфуциј во Македонија е основан во 2013та година и досега има центри за изучување на Кинески јазик во Скопје, Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Вевчани и други градови. Секоја година курсевите ги следат неколку стотици граѓани и во живо и он-лајн. Во моментов јазикот го изучуваат 500 ученици.

Општина Охрид во 2023-та година, со институтот потпиша меморандум за соработка за изучување на кинескиот јазик, литература и култура, за ученици и вработени во општинските училишта, како и организирање на културни настани, семинари и работилници.