Skip to main content

УХМР

Променливо облачно

Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 7 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Од УХМР информираат дека денес ќе имаме променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 7 степени Целзиусови.

Од утре се очекува стабилизирање на времето. Во деновите од викендот, а особено во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и студени со утрински температури кои насекаде бидат под нулата.