Skip to main content

министерство за внатрешни работи

МВР доби нови 120 полициски возила

Министерството за внатрешни работи набави 120 нови автомобили „Peugeot 408 Allure 1.6 PureTech 215 KS EAT8“ за речиси 4 милиони евра, односно 239.068.000 денари. На веб-страницата за јавни набавки е објавен договор склучен на 18.08.2025 година.
 |  инфодеск  | 

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска беа презентирани 120-те нови автомобили „Пежо 408“ за полицијата, чија вкупна вредност изнесува околу 3,9 милиони евра. На презентацијата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа набавка е дел од планот за подобрување на мобилноста на полициските службеници во секојдневното извршување на нивните задачи.

Премиерот кажа дека посакува возилата да се користат што е можно поретко, бидејќи тоа би било јасен показател за намалување на стапката на криминал во земјата.

-Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме ваков тип на проекти, затоа што цениме дека безбедноста и би рекол расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес. Така што, уште еднаш еве да им честитам, да им се заблагодарам на сите вработени, на министерот, на сите оние кои што го водат Министерството, на сите оние единици коишто учествуваат во овој проект и да посакаме, вака условно кажано, што помалку да се користат, тоа значи дека ќе има што помалку криминал и криминалци, изјави Мицкоски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени со најсовремена технологија.

-Возила коишто навистина се моќни, возила коишто во рамки на својата техничка опрема ги имаат сите современи технолошки карактеристики за да одговорат на сите предизвици, како и секоја една друга полиција во светот. Возила во рамки на коишто ги имаме најсовремените тетра системи со потребни информации, за полициските службеници на лице место да ги извршат потребните проверки на евиденција и сите анализи на податоци коишто ги имаме во рамки на Министерството, појасни Тошковски.

Фото: Нова Македонија