Викендов ќе се одржат работилници за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка
Денес работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“, а утре во манастирот Св. Петка Велгошти
Денес 12 часот во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка 2026.
Работилницата за дечињата од Велгошти ќе се одржи утре, недела, со почеток во 18 часот во манастирот Св. Петка.
–Со Божиќната радост, срца да стоплиме!, порачуваат организаторите.


