Skip to main content

Црвен крст Охрид

„Петардите не се играчка“ – показна вежба на Црвен крст и СВР Охрид за последиците од петарди

Едукативна акција во Охрид: Превенција од опасностите на пиротехнички средства
 |  инфодеск  | 
Пиротехнички средства

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид – Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства.

Имено, утре, недела, на Градското пристаниште, пред споменикот на „Фаќачот на крст“ во Охрид од 12:30 часот, припадници на СВР Охрид – Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид ќе делат едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства, со нагласување дека употребата на пиротехнички средства е опасна и се казнува, а во рамки на активноста ќе биде изведена и симулациска показна вежба на повредени од експлозија на петарди со приказ на повреди на екстремитети од експлозијата и укажување на прва помош при таква повреда, од страна на парамедиците на Црвен крст Охрид.

-„ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКА“ е пораката која организаторите на овој настан ја упатуваат до децата, но и до родителите, со апел за грижа за безбедни Новогодишни и Божиќни празници, потенцираат од Црвен Крст Охрид.