Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Младите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ повторно даруваат преку „Подари компјутер“

ОСУ „Св. Климент Охридски“ : Во современото општество, пристапот до компјутер и дигитални алатки е од клучно значење за рамноправно учество во образовниот процес. За жал, дел од учениците и понатаму се соочуваат со дигитална нееднаквост, што директно влијае врз нивниот успех и можности за развој. Токму затоа, преку оваа хуманитарна иницијатива, сакаме да поттикнеме солидарност и општествена одговорност кај граѓаните и институциите
 |  инфодеск  | 

И оваа година, Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид заедно во соработка со професорот Дарко Цветкоски повторно ја организираат хуманитарната акција – “Подари компјутер”.

Од школото велат дека акцијата „Подари компјутер“ e со цел собирање стари компјутери и лаптопи кои не се во активна употреба, но се функционални или можат лесно да се оспособат. Акцијата има за цел да им помогне на ученици и семејства од социјално ранливи категории, кои немаат соодветен пристап до компјутерска опрема неопходна за образование и секојдневно учење.

Во современото општество, пристапот до компјутер и дигитални алатки е од клучно значење за рамноправно учество во образовниот процес. За жал, дел од учениците и понатаму се соочуваат со дигитална нееднаквост, што директно влијае врз нивниот успех и можности за развој. Токму затоа, преку оваа хуманитарна иницијатива, сакаме да поттикнеме солидарност и општествена одговорност кај граѓаните и институциите, стои во нивното соопштение.

Од школото ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, компании и организации да се приклучат на акцијата и да донираат стари компјутери, лаптопи, монитори, тастатури и друга придружна ИТ опрема која не ја користат, а по потреба, дел од опремата ќе биде технички проверена и подготвена за употреба, а потоа донирана на оние на кои им е најпотребна.