Најмалку 13 лица ги загубија животите во железничка несреќа на југот на Мексико, а речиси 100 други се повредени во несреќата во сојузнaтa држава Оахака, соопшти морнарицата на латиноамериканската земја. Морнарицата наведе дека возот, составен од четири вагони и две локомотиви, превезувал 241 патник и девет членови на персоналот кога излетал од шините во близина на градот Низканда.
Меѓуокеанската железничка врска беше отворена пред две години со цел да да се поттикне економијата на регионот, иницијатива предводена од поранешниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Дизајнирана за модернизација на железничката врска преку теснецот Техуантепек, мексиканската влада се обиде да ја развие областа во стратешки трговски коридор, проширувајќи ги пристаништата, железниците и индустриската инфраструктура.
Фото: Rusvel Rasgado/AFP