Skip to main content

СВР Охрид

Со 104 км/ч наместо дозволени 50: Приведен 41-годишен возач во струшко

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Струга Црн Дрим

На 28.12.2025 во 13:33 часот на магистрален пат во селото Мислешево, струшко, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 41-годишен возач од селото Ливада, струшко. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.