Skip to main content

Декемвриската пензија ќе се исплати на 2 јануари 2026 година

За пензиите обезбедени се средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари за вкупно 340.156 корисници на пензија.
 |  инфодеск  | 

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година. За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари (девет милијарди 289 милиони 521 илјади 686 денари) за вкупно 340.156 корисници на пензија.

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, соопштува Фондот на ПИОМ.