Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Новогодишен концерт на гимназискиот бенд

Утре во рамки на предновогодишната програма на Општина Охрид – „Охридска новогодишна приказна“, настап ќе има гимназискиот бенд при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
 |  инфодеск  | 

На 31.12.2025 година, со почеток од 14:00 часот, на сцена ТЦ Амам, во рамки на предновогодишната програма на Општина Охрид – „Охридска новогодишна приказна“, настап ќе има гимназискиот бенд при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.

-Публиката ќе има можност да ужива во енергичен музички настап исполнет со најголемите хитови од 80-тите години, изведени од младите и талентирани музичари – ученици на гимназијата. Со овој концерт, гимназискиот бенд ќе придонесе кон празничната атмосфера и ќе внесе младинска енергија и позитивен дух во центарот на градот, велат од Младинската заедница и ги покануваат сите граѓани, посетители и љубители на добрата музика да се придружат и заедно да биде одбележана завршницата на старата година со одлична музика, дружење и празнично расположение.