Министерство за образование и наука
Утре започнува зимскиот распуст, ќе трае до 20 јануари
За учениците во основните и средните училишта во Македонија започнува зимскиот распуст за учебната 2025-2026 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.
| инфодеск | Македонија
За учениците во основните и средните училишта во Македонија започнува зимскиот распуст за учебната 2025-2026 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари, а учебната година ќе заврши традиционално на 10 јуни.
Инаку, Министерката за образование и наука Весна Јаневска за 2026 година претходно најави покачување на платите на наставниците помеѓу 7,5 до 10% годишно во наредните три години, додека во четвртата година покачување ќе биде помеѓу 10 и 12%.