Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Во Охрид минималните температури од -7, а максималните до 5 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Попладне, претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините и на некои од повисоките места врнежи од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност од недела и во денови потоа времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

Во Охрид минималните температури од -7, а максималните до 5 степени Целзиусови.