Skip to main content

Охридски Комуналец донираше огревно дрво на социјално загрозени семејства

Се надеваме дека со оваа наша донација ќе ги затоплиме домовите на овие семејства кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, – велат од јавното претпријатие.
 |  инфодеск  | 

Ј.П.„Охридски Комуналец” донираше огревно дрво на 11 семејства од социјално ранливи категории.
Водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашиот град, Ј.П.„Охридски Комуналец” донираше огревно дрво нa семејства од социјално ранливи категории. Се надеваме дека со оваа наша донација ќе ги затоплиме домовите на овие семејства кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, – велат од јавното претпријатие.