Skip to main content

Центар за управување со кризи

Дождот престана во Охрид, службите интервенираат поради излевање на реката Сушица, интервенции и во Струга

Излевање на Сушица во Охрид, поплавени дворови во Струга – службите на терен
 |  инфодеск  |  ,

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во Охрид до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти и дека моментално дождот е престанат.

Во нивното доопштение додаваат дека има излевање на реката Сушица во делот на ул. Прилепска, испратена е екипа од ЈП Нискоградба со механизација да го запрат излевањето, а ако продолжат врнежите има опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и село Вапила.

Во Струга има пријава за поплавени дворови на 4-ти Реон кај Мислешевски пат. Надојдената вода од Струшкото поле ги поплавила дворовите каде што има канали за излевање на водите од Струшкото поле. Известени се надлежните служби од Општина Струга, ТППЕ-Струга, РЦУК-Струга и ДЗС-Струга,а екипа на ТППЕ-Струга се на терен и со пумпи за испумпување на поплавените дворови.

Инаку, на патот Дебар -Струга има одрони, а службите на Македонија Пат -Дебар се на терен и го одржуваат патот.